Актуелно Македонија Спорт

Родени и живеат во Германија, а настапуваат за Македонија

Напишано од Aleksandar Buzleski

Ова се браќата-близнаци Ајхан и Илхан Озмен, успешни млади боксери. Родени се 2003 година во Германија, каде сеуште воглавно живеат. Тие се деца од мешан брак, од мајка македонка (кавадарчанка) и татко турчин. Токму од својата мајка, ја имаат наследено огромната љубов за Македонија

Со бокс почнуваат да се занимаваат од својата пет годишна возраст во родниот Аугзбург, Германија во боксерскиот клуб Пиколо. Благодарение на својата емотивна врска кон Македонија, од март 2018 почнуваат да тренираат за боксерскиот клуб Универзалци од Скопје. За кратко време почнуваат да ги бранат и боите на македонската јуниорска боксерска репрезентација.

Веднаш следната 2019 година стануваат прваци на Македонија во јуниорска категорија. Истата 2019 настапуваат на интернационалниот јуниор-бокс турнир во Врбас, Р.Србија и се закитија со сребрен и бронзен медал.

И покрај тоа што живеат воглавно во Германија, Ајхан и Илхан одлучуваат да одговорат на големиот предизвик. Притоа, патуваат еднаш до два пати секој месец на релација Германија-Македонија.

За жал, поради корона кризата, 2020 година беа одложени планираните активности. Но, за оваа година веќе е извесно дека двајцата браќа ќе ги бранат боите на Македонија на балканскиот боксерски турнир во Косово. А веќе од сега се спремаат и за европското јуниорско првенство што ќе се одржи од 1-ви септември во Будва, Р. Црна Гора.

И покрај тоа што Ајхан и Илхан мораат да бидат максимално посветени на својот спорт, наместо да уживаат опуштено како повеќето свои врсници, и двајцата се задоволни и горди на тоа што го прават. Македонската заедница во Германија е особено горда што двајцата млади боксери одлучија да настапуваат за македонската репрезентација.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот