Ова се резултатите од анкетата која беше направена минатата седмица на нашата група Македонци во Германија, на тема: Од кој град од Македонија доаѓате?
Од вкупно над 5 000 учесници во самата анкета, на прво место ( со 715 испитаници) се наоѓа Струмица. Следува Скопје (со 682 испитаници). На трето место е Прилеп (со 566 испитаници).
Следуваат:
-Штип (293),
-Битола (246),
-Велес (241),
-Кочани (211),
-Куманово (209),
-Охрид (156),
-Радовиш (146),
-Крива Паланка (139),
-Виница (126),
-Свети Николе (117),
-Тетово (116),
-Делчево (107),
-Кавадарци (91),
-Гостивар (89),
-Кичево (71),
-Струга (61),
-Берово (60),
-Гевгелија (56),
-Неготино (53)
-Пробиштип (49),
-Дебар (38),
-Валандово (34),
-Македонска Каменица (30),
-Демир Хисар (28),
-Пехчево (25),
-Кратово (21),
-Крушево (15),
-Ресен (15),
-Богданци (11),
-Македонски Брод (10),
-Дојран (10) и
-Демир Капија (8).
Инаку, според последните официјални бројки од 2015 година, во Сојузна Република Германија биле официјално регистрирани 95 976 македонци. Проценките се дека моментално во Германија има реално многу повеќе македонци од таа бројка.
За повеќе информации на вакви и слични теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.
Инаку анкетата (како и многу други анкети) е сеуште активна, и секој што сака, може да земе свое учество.