Активизам Актуелно Свет

Петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Обединетото Кралство

Напишано од Aleksandar Buzleski

Македонската заедница во Велика Британија овие денови започна онлајн петиција за признавање на македонските возачки дозволи. После успешната петиција за признавање на македонските возачки дозволи во Германија, и петицијата во Шведска која сеуште е во тек, ова е уште еден пример каде македонците ширум светот бараат од властите да ги усогласат законодавствата во врска со взаемното и реципрочно признавање на возачките дозволи.

Како македонска заедница во Германија, им подаваме рака на нашинците во Обединетото Кралство, и апелираме до сите да дадат свој придонес во решавањето на овој административен проблем. Петицијата може да се потпише ТУКА.

За повеќе информации на вакви и слични теми придружете ни се во групата Македонци во Германија.

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот