Во последниве десет години се зголемува бројот на граѓани кои се преселуваат од Р. Македонија во Шведска по основ на работа. Ние имаме голема потреба Шведска да ги признае македонските возачки дозволи по примерот на нашата македонска заедница во Сојузна Република Германија и го оствари своето право на почетокот од 2018 година.

Ние имаме исто многу практични и економски причини за валидација и конвертирање на возачката дозвола што значи дека имаме исто право како тие што доаѓаат од земјите на Европската Унија.

Еден доста познат факт укажува на особено внимание на повеќе стотици професионални возачи на тешки товарни возила кои работат низ цела Скандинавија од 2005 година.

Сметеаме дека е неопходно признавањето на македонските возачки дозволи во Шведска за да се олесни нивниот престој поврзан со работата.

Во овој прилог очекуваме позитивна одлука од релевантните институции и соработка меѓу Р. Македонија и Кралството Шведска.

Иницијатор : Јован Дуковски

Радмила и Дејан Борски 

Контакт и подетални информации кај Благица Димеска.

За повеќе информации и дискусии на вакви и други теми придружете ни се во групата

https://www.facebook.com/groups/makedonier

 

 

Сподели на

За авторот

Aleksandar Buzleski

error: Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од авторот